Дома Трансфер зона Челзи го избрал новиот тренер: Во тек се завршни преговори!

Челзи го избрал новиот тренер: Во тек се завршни преговори!

Како што стојат работите нов тренер на Челзи ќе биде Аргентинецот, Маурисио Покетино.

Челзи го отпушти Грем Потер по катастрофалните резултати, а како привремено решение на клупата повторно се врати Френк Лампард. Сепак и со клупската легенда на чело на Челзи не му оди и „сините“ во овој момент се 11-ти тим на табелата во Премиер лигата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Според информациите на Италијанецот, Фабрицио Романо нов тренер на „сините“ ќе биде Маурисио Покетино кој е без ангажман од 2022 година кога го напушти Пари Сен Жермен.

Покетино го познава англискито фудбал и помина долги години на Островот како тренер на Саутемптон од 2013 до 20 14 година и на Тотенхем од 2014 до 2019 година.

Се споменуваа Нагелсман и Луис Енрике, но со нив двајца изгледа и дефинитивно нема да има договор. Ако се случи некој пресврт и преговорите со Покетино пропаднат, резервна опција на Челзи е Винсент Компани кој со Барнли обезбеди место во Премиер лигата.

Ситуацијата би требало да биде појасна до крајот на оваа недела кога се очекува со Покетино да бидат договорени сите детали.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

„Бомба“: Баерн Минхен го сака Ван Дајк

Фудбалерот на Ливерпул Вирџил ван Дајк размислува да го напушти клубот.  Ван Дајк нал…