Дома Македонски спорт Мак фудбал Чедомир Јаневски заминува од Вардар – познат и новиот тренер!?

Чедомир Јаневски заминува од Вардар – познат и новиот тренер!?

Чедомир Јаневски денес ќе си поднесе оставка од функцијата тренер на Вардар.

По серијата на лоши резултати Чеде е решен да го напушти кормилото, а на клупата на „црвено-црните“ најверојатно ќе седне Бобан Бабунски, пренесува „sport1“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јаневски и Вардар треба да ја официјализираат разделбата во текот на денот, а раководството на клубот веднаш потоа треба да го назначи Бабунски за нов тренер.

„Сѐ ќе се знае во текот на денот, тука сме со Чеде во базата, ако има нешто, ќе објавиме во текот на денот“, изјави за „sport1“ директорот на Вардар, Самоил Симев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Столе Димитриевски спремен да преговара за трансфер во Саудиска Арабија?

Maкедонскиот голман Столе Димитриевски според информациите на дел од медиумите има понуда …