Tренерот на Барселона, Чави не планира да го казнува Осман Дембеле со испраќање на трибините и истакнува дека Французинот е во конкуренција за настап.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во Барселона има проблем со договорот на Дембеле кој истекува следното лето. Каталонците сакаат да го задржат, но Дембеле се уште не ја прифатил понудата и чека да ја добие најдобрата. Во такви ситуации клубовите знаат да го казнат играчот со неиграње и испраќање на трибините. Сепак, Чави размислува поинаку.




„Да го испратам Дембеле на трибините? Тоа не ми е цел. Ако има договор мислам дека мора да игра. Треба да размислуваме позитивно. Мора да игра и поради угледот на клубот. Не размислувам за испаќање на трибините“, изјави Чави.
Постои шанса да го видиме на теренот против Бетис утре.
„Во ред е, физички е 100% спремен. Изгледа среќно…Утре ќе одлучам како ќе играме“, додаде Чави. Пред натпреварот од 16. коло Барселона е на седмото место на табелата со 23 освоени бодови.