Чави Ернандез уште еднаш потврди дека нема намера да седне на клупата на Барселона.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Во разговор за El Pais легендата на каталонскиот клуб зборуваше за евентуално враќање во клубот, од каде пред неколку месеци му беше понудена тренерска улога.
Тогаш ја одби понудата, а тврди дека тоа би го направил и во овој момент.
„Не е вистински момент за враќање. Има многу неспортски работи поради кои сметам дека не е вистинско време. Им го кажав тоа во јануари и од тогаш никој не ме побарал.“ – изјави Чави и додаде:
„Им посакувам се најдобро. Го почитувам Сетиен и тој сака да игра фудбал кој му е потребен на Барселона.“
Шпанскиот стручњак моментално од клупата ја предводи екипата на катарски Ал Сад.