Како што стојат работите тренерот на Барселона, Чави Ернандез ќе мора да прави големи промени во тимот на Барселона за утрешниот натпревар против Порто во Лигата на шампионите.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
На Барселона и е потребна победа, Чави зад себе има две неубедливи победи и едно реми во последните пет натпревари, па сега сака победа.
Во излагањето пред новинарите шпанскиот стратег одбива да прифати дека има криза во неговиот тим, а за утре ќе мора многу да менува. Поради повреда на грбот надвор од комбинација е голманот Тер Штеген и на негово место би требало да брани Ињаки Пења.
Жоао Кансело ќе го замени Балде на бековската линија, промени ќе има и во нападот каде што Феликс и Рафиња ќе играат на местата на Јамал и Феран Торес. Во средниот ќе се врати Гундоган, веројатно и Педри.