Дома Фудбал Чави: Дресот на Барселона тежи 20 килограми повеќе од било кој друг

Чави: Дресот на Барселона тежи 20 килограми повеќе од било кој друг

Барселона одигра под своето ниво во натпреварот против Алавес, но на крајот сепак успеа да ги освои трите бода и тоа со голот на Френки Де Јонг во финишот од натпреварот.

Со оваа победа Барселона дојде на бод од Атлетико Мадрид против кого ќе играат во следната рунда.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Оваа победа ни даде малку самодоверба, јас сум среќен. Беше важно да победиме, ние сме во тешка ситуација и резултатите секогаш доаѓаат со причина. Ова се три златни бода“.

Чави гледа проблеми кај играчите со самодовербата.

„Самодовербата кај фудбалерите е на ниско ниво, добиваат многу критики. Алба одигра одличен меч, како и Бускетс и Де Јонг кои беа критикувани. Не е лесно да сте играч на Барселона, овој дрес тежи 20 килограми повеќе од било кој друг“, порача Чави.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арне Слот потврди: Преговорите се во тек, сакам да бидам тренер на Ливерпул

Eкипата на Ливерпул и холандскиот тренер Арне Слот се блиску до договор за соработка, потв…