Дома Фудбал Останато Чави денес го договара заминувањето од Ал Сад

Чави денес го договара заминувањето од Ал Сад

Чави Ернандес планира денес да има средба со сопственикот на катарски Ал Сад со идеја да го убеди да го одлободи од клубот после 4 ноември, пренесува „АС“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Утре и на 3 ноември на тимот му претстојат натпревари од домашното првенство и Чави е спремен да го води тимот на овие натпревари, но потоа сака да замине.

После Ал Сад има натпревар дури на 21 декември, па ова би бил идеален момент Чави да замине, а клубот да си најде нов тренер.

Веќе е јавна тајна дека Барселона започна преговори со Чави за да седне на кормилото на „Камп Ноу“ после отказот на Куман.

Чави веќе ја прифатил понудата на каталонскиот клуб и сега ќе бара од Ал Сад да го ослободи за да се врати во Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Eден од хероите на БиХ може да заврши во Арсенал!

Одличните настапи минатата сезона во Салцбург, кои продолжија и на Светското првенство, го…