Дома Фудбал Лига на шампиони Чави во големи проблеми, за вечерва има само 12 играчи од првиот тим

Чави во големи проблеми, за вечерва има само 12 играчи од првиот тим

Фудбалерите на Барселона вечерва играат против Шахтјор во третото коло од Лигата на шампиоите, а тренерот Чави Ернандез пред натпреварот се соочува со бројни кадровски проблеми.

Повредените фудбалери не стигнаа да се опорават пред овој натпревар, иако пред враќање се: Педри, Френки Де Јонг, Роберт Левандовски и Рафиња, додека уште некое време ќе паузираат Жил Кунде и Серхи Роберто.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


На сето тоа Гави е суспендиран поради исклучувањето против Порто минатото коло, па така Чави не може да смета и на него. Кога ќе се погледне списокот на фудбалери, Чави за денешниот натпревар има само 12 првотимци на располагање, па мораше да повикува фудбалери од „Ла Масија“.

Тука освен стандардниот Ламин Јамал се уште Касадо, Фермин Лопез, Кубраси, Гаридо Форт и Марк Гуј кој донесе победа за каталонците за викендот против Атлетик Билбао.

Се уште Чави не е сигурен на кого ќе може да смета против Реал Мадрид во првото лигашко „Ел Класико“ кое се игра в сабота од 16:15 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Атлетико Мадрид му нуди трампа на Манчестер Јунајтед

Атлетико Мадрид покажува силен интерес за Мејсон Гринвуд кој оваа сезона играше на по…