Дома Фудбал Чави: Верувам дека времето на Меси во Барселона не е завршено

Чави: Верувам дека времето на Меси во Барселона не е завршено

Лионел Меси минатото лето ја напушти Барселона на начин на кој не посакуваа ниту тој, ниту клубот, а најмалку навивачите. Меѓутоа се погласно се зборува за негово можно враќање во Барселона откако ќе му истече договорот со ПСЖ.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


На оваа тема зборуваше и претседателот Лапорта, а сега се огласи и Чави. Договорот на Меси истекува на крајот на сезоната која следи и тогаш би можел ако се подобри финансиската ситуација во Барселона до тоа ниво да се врати.

„Не сакам да верувам дека времето на Меси во Барселона заврши. Тој заслужува да се врати и јас го посакувам тоа. Ако некој ме праша дали сум за негово враќање без размислување ќе одговорам „да““, јасно потенцираше Чави.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Се воведуваат четири нови правила во Премиер лигата, пауза за хидратација нема да има!

Оваа недела започнува новата сезона на Премиер лигата на Англија, со дуелот помеѓу Арсенал…