Откако пет пати беше вицешампион, Баер Леверкузен стана шампион на Германија за прв пат во својата историја. И на кој начин. Леверкузен и официјално ја потврди титулата со победата од 5:0 против Вердер на пет кола пред крајот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Така завршија 11 години непрекината доминација на баварскиот клуб во германскиот фудбал.
“Неописливо. Сè уште не сум свесен за се. Сè уште треба да сфатам што постигнавме”, изјави емотивниот Чаби Алонсо.
„Овој успех е посебен за сите, за целиот клуб. Тој им припаѓа на многу луѓе. Мораме да уживаме во оваа, прва титула по 119 години“, изјави Алонсо.
Шпанецот најверојатно ќе остане во Леверкузен и следната сезона, иако за него има интерес од поголеми и финансиски помоќни клубови.
„Чест е да се биде дел од сето ова и да се работи овде. Денеска заслужуваме да славиме, со семејствата, пријателите и обожавателите.