Дома Фудбал Германија Хумелс откако не беше повикан на Мундијалот: Најголемо разочарување во мојата кариера!

Хумелс откако не беше повикан на Мундијалот: Најголемо разочарување во мојата кариера!

Германскиот селектор Ханси Флик го објави спискот на фудбалери на кои ќе смета за престојниот Мундијал во Катар.

Во составот имаше неколку изненадувања, а јавноста остана зачудена дека во списокот го нема искусниот дефанзивец Матс Хумелс.

И самиот Хумелс се огласи и истакна дека очекувал да биде на списокот и ова е најголемо разочарување во неговиот живот.

„Ова е едно од најголемите разочарувања во мојата кариера. Ќе навивам за тимот на Светското првенство и ќе го искористам времето за да го надминам ова разочарување со работа, како што сум правел секогаш“, напиша Хумелс на Инстаграм.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Tuchel: England have levelled up by taking ‘calculated risks’

Having scored 14 goals in their first four Nations League matches, Thomas Tuchel believes …