Хрватскиот репрезентативец Иван Стриниќ потврди дека од следната сезона ќе игра во дресот на Милан.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Левиот бек минатата сезона играше за Сампдорија, но не го продолжи договорот со тимот од Џенова и како слободен агент ќе се пресели на „Сан Сиро“.
Стриниќ потврди дека потпишал тригодишен договор со италијанскиот гигнат.
„Сезоната заврши и можам да потврдам дека повеќе не сум фудбалер на Сампдорија. Потпишав договор на 3 години со Милан. Мислам дека трансферот ќе биде објавен после Светското првенство“, изјави Стриниќ.
„Кога решив да не го продолжувам договорот Сампдорија одлучи да не ми дозволи да играм во втората полусезона. И покрај тоа од Милан ме сакаа и среќен сум што ќе играм во еден од најголемите клубови во светот“, додаде Хрватот.