Дома Фудбал Репрезентации Хрватска остана без селектор, Чачиќ отпуштен!

Хрватска остана без селектор, Чачиќ отпуштен!

Хрватска вчера одигра реми 1:1 против Финска, а фудбалските фанови во оваа земја веќе подолго време се разочарани од резултатите и бараа оставка на комплетното раководство на сојузот, но добија само отказ за селекторот, Анте Чачиќ.

Пред Хрватите е последниот натпревар во квалификациите во кој доколку сакаат пласман во Русија ќе мораат да ја победат Украина.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во овој момент како единствен кандидат за наследин на Чачиќ фигурира тренерот на Ријека, Матијаж Кек, но прашање е дали тој во овој момент има желба да го превземе националниот тим.

Да потсетиме, репрезентацијата на Хрватска се натпреварува во групата „И“ во квалификациите за Светското првенство каде што лидер е Исланд со 19 бодови, а тие го делат второто место со Украина со по 17 бодови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Сандро Тонали доби нова суспензија

Италијанскиот репрезентативец Сандро Тонали доби дополнителна суспензија од два месеци сег…