Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Хрватска како да не знае поинаку: Продолженија и по трет пат! (видео)

Хрватска како да не знае поинаку: Продолженија и по трет пат! (видео)

Трет натпревар во нокаут фазата за Хрватска и трет пат Хрватите ќе играат продолженија.

Како и во натпреварите против Данска и Русија, Хрватска и против Англија прва прими погодок.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Гордиот Албион“ стигна до предност уште во петтата минута од натпревар кога Кевин Трипиер на мајсторски начин од слободен удар успеа да го совлада Даниел Субашиќ.

Првото полувреме и припадна целосно на Англија која преку Хари Кејн пропушти 100% прилика за водство од 2:0, но за среќа на „коцкестите“ Субашиќ успеа да го одбрани неговиот удар.

Стартот на вториот дел не се разликуваше премногу, Англија повторно имаше иницијатива. Таквата иницијатива на Англичаните беше присутна се се до 68 минута кога Иван Перишиќ успеа да постигне гол за изедначување.

Од тој момент Хрватска заигра многу подобро, токму онака како и што се очекуваше. Само неколку минути после постигнатиот погодок Перишиќ доби прилика и за втор погодок, сепак неговиот удар заврши во стативата од голот на Пикфорд.

После регуларните 90 минути Хрватска и трет пат одигра 1:1 во нокаут фазата. Во претходните два натпревари успеваа да стигнат до победата после изведувањето на пенали.


Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Видете го „лудото“ славје на „Граѓаните“🎥

Манчестер Сити ја освои титулата во Премиерлигата, која беше четврта по ред. Гвардиола ста…