Репрезентацијата на Хрватска вечерва во Лајпциг ја очекува важен натпревар против Италија во кој ќе одлучуваат за пласман во следната фаза.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Хрватска ќе има голема поддршка од своите навивачи. Новинарите на „Спортклуб“ разговараа со еден навивач кој имаше интересна порака.
„За нас најсилно оружје е јагнешкото“, започнал навиваот.
Тој вели дека разговарал со неколку Италијанци кои му кажале дека не пробале јагнешко.
„Голем дел од нив не пробале, само неколку и тоа е голем хендикеп за нив. Знаат само за ќебапи“, кратко коментираше навивачот.
Натпреварот помеѓу Хрватска и Италија се игра вечерва од 21:00 часот.