Дома Трансфер зона Холанѓаните објавија дека се договорил со Реал, сега се огласи Ван Де Бек

Холанѓаните објавија дека се договорил со Реал, сега се огласи Ван Де Бек

Играчот за врска на Ајакс, Дони Ван Де Бек ги демантираше холандските медиуми кои тврдеа дека се договорил со Реал Мадрид.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Пред неколку дена се појави вест дека Реал Мадрид го обезбедил неговиот трансфер во износ од 55 милиони евра. Ван Де Бек со разни клубови се поврзуваше и во текот на претходниот преоден рок, но остана во Ајакс.

Сега се пишуваше дека младиот играч за врска го избрал Реал за негова следна дестинација.

Сепак, сега фудбалерот потврди дека неговата иднина не е одлучена.

„Ништо не е одлучено и не сум се договорил со никого. Ситуацијата во текот на оваа сзона не се промени. Тоа се два големи клуба (Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид), но и Ајакс е голем клуб“, изјави Ван Де Бек.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…