Дома Трансфер зона Холандски талент пред трансфер во Милан

Холандски талент пред трансфер во Милан

Милан е сериозно заинтересиран за десниот бек на ПСВ и холандски репрезентативецДензел Думфрис пренесуваат италијанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Станува збор за десен бек кој е одличен како во дефанзива, така и во офанзива. Оваа сезона одигра 22 меча во сите натпреварувања на кои постигна 4 гола и запиша 4 асистенции.

„Знам дека моите агенти водат преговори со Милан. Треба само да почекате и да видите, не можам друго да кажам“, изјави Думфрис.

23-годишниот Холанѓанец има договор со ПСВ до 2023 година и неговата цена во моментов изнесува 15 милиони евра.

ПСВ треба да му плати на Милан 10 милиони евра за трансферот на Рикардо Родригез, па двата клуба се во напредни преговори и се очекува наскоро да го договорат трансферот на Думфрис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…