Дома Фудбал Хит изјава на Терзиќ: Кого сакам во финале? Нека има шест црвени картони!

Хит изјава на Терзиќ: Кого сакам во финале? Нека има шест црвени картони!

Aко минатата година пред крајот на мај тагуваше поради загубената титула во последното коло, тренерот на Борусија, Еден Терзиќ сега е во еуфорија бидејќи неговиот тим ќе игра во големото финале од Лигата на шампионите.

Терзиќ по вчерашната победа доби прашање кого би сакал во финалето, а неговата изјава беше вистински хит.

„Вечерва нека има шест црвени картони, тоа е мојата желба. Не ми е важно кој ќе победи. Знам дека ќе играме на „Вембли“, нема да сме фаворити. Тешко ќе биде, но ќе се обидеме да дојдеме до пехарот. Ова е фудбал и се е можно“, изјави Терзиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вени верува во Галакси: Со комплетен состав можеме против секого

ЛА Галакси го пречекува Остин во последниот домашен натпревар, додека се заострува трката …