Дома Фудбал Лига на шампиони Терзиќ: Време е да ја прекинеме серијата на Реал Мадрид

Терзиќ: Време е да ја прекинеме серијата на Реал Мадрид

Тренерот на Борусија Дортмунд, Един Терзиќ смета дека неговиот тим може да ја прекине серијата на Реал Мадрид во финалето на Лигата на шампиони.

Реал ги освои сите осум финалиња во кои се појави откако Лигата на шампионите го замени Европскиот куп во 1992 година. Тие исто така освоија пет титули во Лигата на шампионите во последните 10 сезони и имаат вкупно 14 европски титули.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


„Ако сакате да ја освоите Лигата на шампионите, треба да ги победите шампионите. Сега се соочуваме со апсолутните шампиони. Тие го освоија овој турнир 14 пати, го освоија пет пати во последните 10 години. Но, ова е еден меч и се може да се случи. Осум финалиња во Лигата на шампионите и никогаш не изгубиле. Но, она што е важно не е што се случило во претходните осум. Се што е важно е следното. Време е да се прекине оваа серија“, изјави Един Терзиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

ФИФА објави: Мундијалот во 2030 во шест земји, Саудиска Арабија ќе биде домаќин во 2034 година

Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) објави каде ќе се одржуваат Светските првенства во …