Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Херојот на Аргентина откри што му кажал „селекторот“ Меси: Тој е лидер, најдобар е!

Херојот на Аргентина откри што му кажал „селекторот“ Меси: Тој е лидер, најдобар е!

Toтален хаос, така новинарите во Аргентина ја опишуваа состојбата откако Хрватска ги победи со 3:0.

По овој натпревар Жорге Сампаоли само формално остана селектор на клупата, а составувањето на тимот, тактиката, па дури и замените (може да се види тука) ги превземаа Меси и Маскерано.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Новата Аргентина со пет промени во составот кој доживеа бламажа против Хрватска и со нова тактика заигра многу подобро во клучниот натпревар против Нигерија кој на крајот сепак тешко го добија со гол во 86 минута.

Меси на полувремето ги собра играчите околу себе и им ги објаснуваше задачите, а потоа на десет минути пред крајот Сампаоли токму него го праша дали Агуеро да влезе во игра.

Денес за медиумите Рохо откри дека за неговиот гол големи заслуги има говорот на Меси на полувремето.

„На секој од нас ни кажа дека должност е да превземеме одговорност и да шутираме од каде и да можеме, без оглед на позицијата. На мене конкретно ми кажа да напаѓам без оглед на се, истото ми го повтори и Маскерано. Го послушав и кога забележав дека топката доаѓа кон мене, шутирав со сета сила и на крајот за среќа бев прецизен“, изјави Рохо кој потоа уште еднаш го пофали Меси.

„Одлично ја чита играта, знае да превземе ризик. Тој е лидер, најдобар е“!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…