На десет минути пред крајот на последниот натпревар од групата помеѓу, Нигерија и Аргентина, актуелниот вицешампион беше во опасност од елиминацијата, но „Гаучосите“ се „извадија“ со голот на Маркус Рохо во 86 минута.
Како што е познато неколку дена после дебаклот против Хрватска (3:0), дел од играчите побарале смена на Сампаоли, а од сојузот порачале дека тој може да седи на клупата, но дека нема да се прашува за ништо.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Кој ги „влече конците“ во Аргентина видовме и вчера во видеата од полувремето на натпреварот каде што Лионел Меси држи говор, а Самполи никаде го нема. Истите можете да ги погледнете тука.
Да се вратиме на последните десет минути од натпреварот.
Сампаоли во тие моменти имаше право на само уште една замена, размислуваше да го внесе во игра Кун Агуеро, тоа и го направи, но прво мораше да добие „амин“ од Меси.
Како што може да се види селекторот на Аргентина довика до Меси: „Lo pongo al Kun?, што во превод значи: Да го внесам Кун (Агуеро)?“.
"Lo pongo al kun?"
Como es que se llega a que jugadores, independiente de quién sea, este por sobre un DT #Messi #Sampaoli @afa @Mega @TVN @Deportes13DLV pic.twitter.com/UyJwkOnyUt— Andres Ignacio (@AndresRiveraEsp) June 27, 2018
Оваа снимка е само уште еден доказ за бунилото и хаосот во кој се наоѓа Сампаоли во овој момент…