Дома Фудбал Останато „Хендерсон е подобар фудбалер од Модриќ“

„Хендерсон е подобар фудбалер од Модриќ“

Легендарниот бразилски фудбалер, Кафу изненади многумина со своето мислење дека Џордан Хендерсон е подобар фудбалер од Лука Модриќ.

За Кафу англискиот репрезентативец и капитен на Ливерпул е пред Модриќ. Хендерсон освои се што можеше да се освои со Ливерпул, додека за репрезентацијата на Англија собра 74 настап ии постигна три гола.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Хендерсон или Модриќ? Дефинитивно Хендерсон“, кратко одговори Кафу.

Модриќ за разлика од Хендерсон зад себе има освоена Златна топка и како капитен ја предводеше Хрватска до сребро и бронза на последните два Мундијали.

Исто така Модриќ беше прогласен за најдобар фудбалер на Светското првенство во Русија во 2018 година.

Кафу во кариерата играше за Сао Паоло, Сарагоса, Јувентуде, Палмеирас, Рома и Милан, а за Бразил собра 142 настапи и постигна пет голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…