Дома Македонски спорт Мак фудбал Хасани: Очекуваме голема поддршка од публиката во Скопје

Хасани: Очекуваме голема поддршка од публиката во Скопје

Веднаш после Монтела пред медиумите излезе и тренерот  на Шкендија Ќатип Османи и фудбалерот Ферхан Хасани.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Предводникот на клубот од Тетово најави дека неговиот тим во никој случај нема да излезе со „бело знаме“ на теренот на „Филип Втори“.

„После поразто во Италија ги анализиравме нашите грешки и очекуваме тие во овој натпревар да бидат поправени. Во Милано направивме колективни грешки, но тоа е минато. Никако не може да биде оправдување, но не надвладеаа и емоциите.“, изјави Османи.

Потоа за медиумите продолжи Хасани.

„Се надеваме дека во овој натпревар ќе покажеме повеќе, во Скопје ќе истрча друга Шкендија. Во Скопје очекуваме и голем плус да биде нашата публика“, заврши Хасани.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …