Дома Топ вести Хари Кејн бира помеѓу Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед

Хари Кејн бира помеѓу Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед

Хари Кејн ќе остане во Премиер лигата, иако големи се шансите да го напушти Тотенхем ова лето, пренесува „Индепендент“.

Кејн веќе најави дека размислува за трансфер бидејќи сака да игра во тим кој ќе се бори за трофеи и наводно е спремен да го напушти Тотенхем бидејќи не е задоволен од политиката на клубот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Меѓутоа, напаѓачот има договор со „спарси“ до 2024 година, па Тотенхем сигурно нема така лесно да го пушти и ќе бара 130 милиони фунти.

За Хари Кејн интерес покажувата многу европски гиганти, но тој сака да остане во Англија и преферира да се пресели во Манчестер.

27-годишниот напаѓач веќе му порачал на својот агент дека може да разгледува само две понуди, а тоа се од Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити, клубови кои подолго време покажуваат интерес за неговиот потпис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…