Дома Фудбал Англија Хаос во Арсенал: Артета отстрани седум играчи од тренинг

Хаос во Арсенал: Артета отстрани седум играчи од тренинг

Арсенал одлично ја започна новата сезона, а во првите две кола сосема очекувано оствари две победи.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имаат нов натпревар во сабота кога на свој терен го пречекуваат тимот на Фулам и секако дека се фаворити и на овој натпревар.

„Топчиите“ потрошија многу во овој преоден рок, па така во Лондон пристигнаа Хаверц, Рајс, Тимбер и Раја.

Сепак, се очекуваат и заминувања, но некои играчи не сакаат да го напуштат клубот иако им е кажано дека нема место за нив.

Така Артета мораше да реагира и реши да отстрани дури седум играчи од последниот тренинг.

Балогун, Киеран Тиерни, Албер Самби Локонга, Нуно Таварес и Роб Холдинг денеска испаднаа од првиот тим и тренираа одделно.

Од друга страна, Николас Пепе и Седрик Соареш воопшто не тренираа со Арсенал, туку работат самостојно.

Арсенал на сите начини ќе се обиде да ги продаде овие играчи до крајот на преодниот рок, а останува да видиме дали ќе успеат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Има ли конфликт во Франција: Дембеле искрено за Мбапе!

Усман Дембеле застана во одбрана на Килијан Мбапе, истакнувајќи дека критиките насочени ко…