Хамес Родригез планира да го напушти Евертон на крајот од оваа сезона, тврдат медиумите на Островот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Колумбијскиот фудбалер пристигна на Гудисон Парк во септември и на почетокот беше еден од најдобрите играчи во клубот, но и во лигата.
29-годишниот Колумбиец брзо се етаблираше во клучна фигура во тимот на Карло Анчелоти и одлично игра оваа сезона.
Меѓутоа, на Хамес не му се допаѓа живото на Островот и сака да ја промени средината на лето. Наводно, на него не му се допаѓа времето во Англија, но и фудбалот кој се игра, поради кој доаѓа до честите повреди.
Интерес за него покажува Атлетико Мадрид, кој го сакаше и минатотон лето, но тогаш Реал Мадрид не сакаше да го пушти во градскиот ривал.