Сега е јасно зошто Манчестер Сити толку долго чекаше да го официјализира трансферот на Ерлинг Халанд.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Англискиот клуб го официјализираше трансферот на норвешкито напаѓач денес, 13. јуни. Тоа е денот кога неговиот татко Алфи потпиша за Манчестер Сити точно пред 22 години. Алфи Халанд за Сити одигра три сезони, претходно настапуваше за Лидс и Нотингем Форест.




„Ова е посебен ден за мене и моето семејство семејство. Роден сум во Англија и навивач и на Манчестер Сити од мали нозе, тука се чувствувам како дома и мислам дека ова е вистински потег. Секогаш сме го следеле Манчестер Сити и и ни се допаѓа клубот и како напредуваа во претходните години. Го сакам напаѓачкиот стил кој го практикува овој тим, тоа е совршено за играч како што сум јас“.




„Верувам дека сум на вистинско место каде што можам да ги исполнам своите амбиции. Сакам да постигнувам голови, да освојувам трофеи и да напредувам како игрча. Едвај чекам да почнат припремите за новата сезона“, изјави Халанд.
Еве како Манчестер Сити го претстави Халанд.
HE'S HERE! 💙 pic.twitter.com/JuZEtzTWbv
— Manchester City (@ManCity) June 13, 2022