Дома Фудбал Германија Халанд на трета позиција: Ова се најбрзите фудбалери во Бундеслигата

Халанд на трета позиција: Ова се најбрзите фудбалери во Бундеслигата

Eрлинг Халанд и оваа сезона игра одлично во Бундеслигата, а на листите најдобри стрелци и асистенти не се единствените каде што е помеѓу најдобрите.

Според пишувањето на „Кикер“, Халанд го има третиот најдобрз спринт во првенството. Најголема брзина во Бундеслигата оваа сезона оствариле Брајан Ласме од Армнија Биефилд и Алфонсо Дејвис од Баерн. Тие истрчале спринт со 36.08 километри на час.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Веднаш зад нив е Халанд кој истрчал 35.94 километри на час. Исклучителната брзина на Халанд му помогна да постигне седум голови и да подели четири асистенции.

Покрај Роберт Левандовски Халанд е прв стрелец во лигата, додека кај најдобрите асистенти го дели првото место со Флоријан Вирц (Баерн Леверкузен), Марко Ројс (Борусија Дортмунд) и Томас Милер (Баерн).

Најбрз фудбалер во светот е Бразилецот Бруно Хенрике на кого му е измерена брзина од 38 километри на час. Килијан Мбапе е трет на таа табела со 36.2 километри на час, веднаш зад Герет Бејл (36.9).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Дерби на денот: На кого „милионите“ ќе му донесат среќа?

Денес продолжуваат полуфиналните дуели од Лигата на шампиони, па очите на фудбалска Европа…