Дома Фудбал Халанд: Мојот херој од друг спорт? Дефинитивно Новак Ѓоковиќ

Халанд: Мојот херој од друг спорт? Дефинитивно Новак Ѓоковиќ

Како гостин на клупскиот подкаст, норвешкиот напаѓач на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, беше замолен да избере спортист надвор од фудбалскиот свет кој би го нарекол свој херој.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Одличниот напаѓач малку размислуваше по прашањето, а потоа рече дека тоа е српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.

“Ми се допаѓа Ѓоковиќ. Мислам дека е добар и е свој. Неверојатно е тоа што го постигна. Дојде од никаде, од својата земја. Го избирам Ѓоковиќ”, изјави 23-годишниот напаѓач кој минатата сезона за Сити постигна 52 гола на 53 натпревари и со него ја освои тројната круна.

Ѓоковиќ, водечкиот светски тенисер и за многумина најдобриот на сите времиња, собори голем број рекорди во својот спорт, вклучувајќи го бројот на недели на првото место на АТП листата (411) и бројот на освоени Грен слем титули (24).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Паника во Аргентина: Дали Меси го одигра последниот натпревар за репрезентацијата (Видео0

Спортската јавност во Аргентина, особено оние љубители на фудбалот, овие денови имаат само…