Eрлинг Халанд не престанува да руши голгетерски рекорди од кога дојде во Манчестер Сити. Последниот го сруши вчера во натпреварот против Бормут.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во рамките од 25-тото коло во Премиер лигата, Манчестер Сити како гости на „Виталити“ стадионот славеше со 1:4. После два натпревари во кои не постигна гол (Нотингем и Лајпци), Халанд повторно беше стрелец.
Вчера погоди во 29-тата минута од пенал и зголеми на 0:2 со тоа сруши нов рекорд. Норвешкиот напаѓач стигна со 27 голови во англиската Премиер лигата и го сруши рекордот на Серхио Агуеро кој беше играчот со најмногу голови во една сезона во Премиер лигата за Манчестер Сити.
Во сезоната 2014/2015 Агуеро постигна 26 голови. Претходно Аргентинецот имаше најдобри резултати во сезоните 2015/2016 (24 гола) и 2011/2012 (23 гола).
Халанд во овој момент е водечки стрелец во Премиер лигата со 27 голови, десет помалку од второпласираниот Хари Кејн. Норвешкиот напаѓач сега ќе го „брка“ рекордот на Алан Ширер кој со 34 гола е играчот кој постигнал најмногу голови во една премиерлигашка сезона.
.@ErlingHaaland is inevitable! 🤖
— Premier League (@premierleague) February 25, 2023
No @ManCity player has ever scored more #PL goals in a single season 👏 pic.twitter.com/yNg6i1gBwq