ПСЖ и Интер пред неколку дена го договорија трансферот на Аштраф Хакими, а денес десниот бек пристигна во Париз на лекарски прегледи.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Двата клуба преговараа изминатите две недели и конечно најдоа заеднички јазик, па ПСЖ за потписот на Хакими ќе плати 68 милиони евра.
Со тоа Мароканецот ќе стане најскапиот бек во историјата на фудбалот, а денес пристигна во Париз да го комплетира трансферот.
Откако ќе ги мине лекарските прегледи Хакими ќе стави потпис на договор со „светците“ до 2026 година.
Во наредните денови се очекува ПСЖ да ги потврди трансферите и на Серхио Рамос и Донарума.