Дома Фудбал Италија Фудбалерот на Аталанта призна дека требало да биде исклучен против Јувентус

Фудбалерот на Аталанта призна дека требало да биде исклучен против Јувентус

Јувентус и Аталанта вчера одиграа 1:1 во 12. коло од Серија А. Трагичар за домаќините беше Кристиано Роналдо кој промаши пенал во 61. минута.

Меѓутоа навивачите на Јувентус го критикуваат судењето и сметаат дека Мартин Де Рон требало да биде исклучен во 52. минута за стартот на Хуан Квардадо.

Де Рон на Твитер одговори на еден фан на Јувентус и призна дека направил грешка.

„Требаше да бидеш исклучен за стартот на Квардадо“, му напиша еден фан.

„Се сложувам. Задоцнив и бев прегруб. Се надевам дека на сите им е јасно дека тоа не ми беше намерата. Му се извинувам на Квардадо“, одговори Де Рон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Mбапе по 20 години го напушти „Најк“ за бренд кој нема свои копачки

Килијан Мбапе ја прекина својата долга соработка со Nike по две децении и стана лице на шв…