Дома Фудбал Фудбалерот кој пристигнува во Милан е избран за најдобар играч на Африканскиот куп на Нации

Фудбалерот кој пристигнува во Милан е избран за најдобар играч на Африканскиот куп на Нации

Младиот Алжирец Исмаел Бенасер е прогласен за најдобари грач на овогодинешниот Афрички куп на Нации.

Бенасер со својата селекција ја освои шампионската титула откако во финалето го победија Сенегал.

Ова е прва титула за Алжирците уште од 1990 година, воедно и прв пат еден нивни играч да биде најдобар на турнирот.

Претходно тоа признание го освои легендарниот Рабах Маџер.

Бенасер има 22 години и наскоро треба да потпише за Милан откако одигра две сезони во Емполи.

Ако тие сезони не беа доволни за навивачите да знаат дека Милан купува играч од кој многу се очекуваа, тоа што е избра за најдобар на турнир каде што играат навистина одлични играчи може да им биде доволен доказ. Останува да видиме како ќе се снајде во Милано.

https://www.youtube.com/watch?v=Jg0THBGFktI

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Старите навики го издадоа Хендерсон: Бараше пенал против сопствениот тим?

Поранешниот капитен на Ливерпул се врати на „Енфилд“ во дресот на Челси, но еден негов пот…