Дома Македонски спорт Мак фудбал Фудбалерите на Пелистер казнети гостуваат на Чаир!?

Фудбалерите на Пелистер казнети гостуваат на Чаир!?

На битолски Пелистер сезонава не му оди, после 13 кола тие се единствениот тим без победа во првата македонска фудбалска лига и со само четири постигнати гола.

Во 14. коло пред битолчани е тешко гостување на Чаир против лидерот на табелата Шкупи. Шкупи е апсолутен фаворит без никакви дилеми, а според она што струи низ „битолската чаршија“ фудбалерите наводно биле и казнети од страна на раководството.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Според информациите фудбалерите заработиле казна за недоволно залагање во претходните натпревари и тренинзи, па сега прашање е каква ќе биде нивната мотивација во утрешниот дуел. Како што сега стојат работите само чудо може да го спаси Пелистер од преселба во втората лига.

Фото: ФК Шкупи

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Изминаа десет години од смртта на човекот за кој фудбалот беше образование, животна школа и надеж.

Денеска се навршуваат 10 години од смртта на поранешниот генерален секретар на Фудбалската…