Спортскиот арбитражен суд во Лозана, му нареди напаѓачот на Милан, Рафаел Леао, да му плати на неговиот поранешен клуб Спортинг Лисабон, 16,5 милиони евра.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Казната е изречена поради фактот дека во 2018 година Португалецот еднострано го раскина договорот со Спортинг Лисабон. Потоа Леао премина во Лил како слободен агент, а во 2019 година него го купи Милан за 35 милиони евра.
Првично, Спортинг бараше 45 милиони евра од 20-годишниот фудбалер, но судот му нареди да плати 16,5 милиони, но судската одлука може да биде обжалена.
За потсетување, во мај 2018 година, навивачите на Спортинг влегоа во клупската база и физички ги нападнаа играчите. Леао, како и многу други, после тоа го напушти клубот, а клубот почна да ги тужи играчите.
Од друга страна, португалскиот клуб ќе мора да му плати на Леао 40 илјади евра за мобинг (психолошко насилство, малтретирање, морален прогон).