„Франс Фудбал“ после една година пауза ќе ја додели „Златната топка“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
На гала вечерта на 29. ноември ќе биде прогласен најдобриот играч во светот за оваа година, а португалската национална телевизија тврди дека го откриле името на победникот. Според нивните информации „Франс Фудбал“ веќе го известил Лионел Меси дека тој е победникот за оваа година.




Се наведува дека Аргентинецот веќе го направил победничкото интервју што е пракса секоја година со оној кој ќе ја освои престижната награда. Минатата сезона Меси ја освои Копа Америка со Аргентина и беше најдобар стрелец во Ла Лига со 30 постигнати голови.




Ако Меси навистина е победникот тогаш тоа ќе биде негова седма „Златна топка“. Главни конкуренти на Меси му се Левандовски и Бензема.