Дома Трансфер зона Франкфурт ја одреди цената за Коло Муани, одбиена понуда и од 80 милиони евра

Франкфурт ја одреди цената за Коло Муани, одбиена понуда и од 80 милиони евра

Пари Сен Жермен испратил понуда вредна од 80 милиони евра за напаѓачот на Ајнтрахт Рендл Коло Муани, но тимот од Франкфурт ја одби и оваа понуда.

Понудата која ја испрати ПСЖ изнесуваше 70 милиони евра веднаш и 10 преку бонуси. Но, според информациите на „Скај Спорт“ германскиот клуб го известил ПСЖ дека нема да прифатат ништо помалку од 100 милиони евра.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Интерес за 24-годишниот фудбалер покажаа бројни богати клубови и тоа е очекувано со оглед на сезоната која ја имаше зад себе Муани во која постигна 26 гола и подели 17 асистенции.

Коло Муани го засили Ајнтрахт минатото лето кога во Франкфурт пристигна како слободен играч. Пртходно беше дел од Нант и Булоњ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал Мадрид добил понуда од 45 милиони евра за Ѓулер

Aрсенал знаел да добие одлично засилување од Реал Мадрид, а пример за тоа е Мартин Одегард…