Вчера пристигна веста за собраќајката која ја доживеа легендарниот Тајгер Вудс.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Вудс несреќата ја доживеа во Лос Анџелес кога изгубил контрола над возилото и излетал од патот и неколку пати се превртел. За среќа Вудс успеал да ја преживее несреќата, но се здобил со сериозни повреди.
Брзо бил префрлен во болница каде што веднаш бил опериран, а од неговиот тим потврдија дека има тешки повреди на нозете.
Операцијата поминала во најдобар ред и Вудс после операцијата комуницирал со докторите. Пред него сега е долг процес на опоравување и јасно е дека повеќе нема да го видиме на теренот со голф палка во рацете.
На социјалните мрежи се појавија и фотографии на кои одблиску може да се види како изгледа неговиот автомобил после несреќата.




