Во Зворник, Босна и Херцеговина, Димитар Ѓорѓиев вчера се бореше за титулата во „WAKO PRO” во категоријат до 81.4 килограми. Противник на Ѓорѓиев беше домашниот натпреварувач Никола Дробњак.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
За жал Ѓорѓиев ја загуби борбата со резултат 3:0 по гласањето на судиите, но веднаш по борбата беше најавен реванш кој би требало да се одржи во Скопје.
Покрај Ѓорѓиев кој ја имаше борбата на вечерта, свој настап вчера имаше и Бобан Илиоски кој победи со нокаут против Хрватот, Борна Манојловиќ.
Атмосферата во полната сала во Зворник беше фантастична, недостасуваше само победата на Ѓорѓиев за вечерта да биде фантастична.





