Дома Фудбал Италија Фото: Во Милан ситуацијата е катастрофална, а погледнете со кого вечераше Леонардо Бонучи!

Фото: Во Милан ситуацијата е катастрофална, а погледнете со кого вечераше Леонардо Бонучи!

Леонардо Бонучи требаше да биде предводникот на новиот, побенички Милан.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Бонучи во текот на летото го напушти Јувентус и премина во Милан каде што беше пречекан како спасител.

Пет месеци подоцна, ситуацијата е катастрофална. Милан можеби никогаш не бил полош, повеќе од 230 милиони евра беа вложени во создавање на шампионски тим, но „росонерите“ во овој момент се наоѓаат на осмата позиција.

Борбата за титулата е научна фантастика, Лигата на шампионите исто така далеку.

После болниот пораз од фенерџијата Верона (3:0) минатиот викенд, Леонардо Бонучи одлучи да го посети Торино каде што беше на вечера со своите поранешни соиграчи од Јувентус.

Лео ја помина вечерта заедно со Андреа Брзаљи, Клаудио Маркизио и Киелни. Бонучи веројатно избра целосно погрешен „тајминг“ за посета на своите поранешни колеги од Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ѓоковиќ ја крена тениската планета на нозе: Една објава од Новак беше доволна за да предизвика еуфорија! (ФОТО)

Уште две недели останаа до стартот на Вимблдон, а Новак Ѓоковиќ го најави своето учество н…