Дома Фудбал Германија Флик и Салихамиџиќ во „војна“, се огласи Румениге

Флик и Салихамиџиќ во „војна“, се огласи Румениге

Претседателот на Управниот одбор на Баерн Минхен, Карл-Хајнц Румениге даде свое мислење за несогласувањата на Хасан Салихамиџиќ и тренерот Ханси Флик.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Во изминатиот период постоеше бурна расправија помеѓу спортскиот директор и тренерот, што повеќе не е тајна, а наводно еден од двајцата ќе мора да го напушти клубот на крајот на сезоната. 

„Ова мора да се реши. Не е потребо да се води дискусија за тоа, посебно затоа што сме во последниот дел од сезоната и сме лидери во Бундслигата со седум бодови, а имаме можност да се пласираме и во следното коло од Лигата на шампиони“, истакна Румениге.

Расправијата помеѓу Флик и Салихамиџиќ наводно почнала уште на почетокот на сезоната, бидејќи тренерот сака да има поголема моќ на одлучување при трансферите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Камерите го фатија испадот на Винисиус: После ќе ми го бараш дресот (Видео)

Камерите го снимиле жестокиот конфликт меѓу Винисиус и Омар Ел Хилали за време на натпрева…