Дома Фудбал Репрезентации ФИФА спрема револуција: Во Катар може да се воведе нешто ново во ТВ преносите

ФИФА спрема револуција: Во Катар може да се воведе нешто ново во ТВ преносите

ФИФА изгледа спрема нова фудбалска револуција на Светското првенство во Катар кое ќе се одржи на крајот од годината.

Светската фудбалска организација има намера да постави камери во соблекувалните на екипите и снимките да се пуштаат во текот на преносите. Така навивачите би имале прилика да видат во какво расположение фудбалерите влегуваат во натпреварите и други детали.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


ФИФА сака Катар да биде чекор понапред, а за оваа идеја ќе се разговара на следниот состанок. Најавите се дека можат да бидат поставени две камери, додека снимката би се пуштила во некое време од преносот и на полувремето.

Изборот на пуштените снимки ќе биде случаен и фудбалерите нема да знаат што ќе се пушти во преносот. Се чека и реакција на репрезентациите на овој предлог.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Перез ги остави навивачите на Реал во неверување: Тоа ќе биде…

Веќе се шпекулира за новиот тренер на Реал Мадрид и се чини дека Алваро Арбелоа на крајот …