Дома Фудбал Лига на шампиони Финалето во Лига на шампиони повторно во Лисабон!?

Финалето во Лига на шампиони повторно во Лисабон!?

Финалето од Лигата на шампиони најверојатно нема да се игра во Истанбул како што беше предвидено, а конечната одлука УЕФА ќе ја донесе до среда.

Ситуацијата со зголемување на бројот на заболени од коронавирус во Турција е таква што англиските власти ја ставија земјата во црвена зона. Тоа значи дека секој посетител на Турција треба да биде 10 дена во карантин при враќање во Велика Британија.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Веднаш беше понудено „Вембли“ да биде домаќин на дуелот помеѓу Челзи и Манчестер Сити, но владата на Велика Британија не може да даде одредени гаранции.

„Вембли“ ќе може да има само 10.000 гледачи додека пак УЕФА инсистира да има околу 25.000 навивачи.

Поради тоа најсериозен кандидат во мометов е Лисабон, исто како минатата година. Британија нема рестрикции за Португалија, па може навивачи слободно да допатуваат на Пиринеите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Тен Хаг: Ако не ме сакаат во Јунајтед, ќе освојувам трофеи на друго место

Манчестер Јунајтед славеше со 2-1 против Манчестер Сити во финалето во ФА-купот и го крена…