Дома Останати Ракомет Филип Лазаров позитивен на коронавирус!

Филип Лазаров позитивен на коронавирус!

Maкедонскиот ракометар Филип Лазаров е позитивен на коронавирус, а според она што се пишува во медиумите во Германија се заразил за време на летото до Германија.

Лазаров е првиот член на Ратинген заразен со Ковид-19. Првиот тест на Лазаров бил позитивен, но клубот го чека и вториот за да бидат 100% сигурни дека не е грешка. Засега тој не е со екипата, додека сите останати членови биле негативни.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вирусот Лазаров веројатно го „закачил“ во авион затоа што пред тргнувањето за Германија неговиот тест во Скопје бил негативен. Покрај тоа по пристигнувањето во Германија било потврдено дека патувал со патник кој бил позитивен на вирусот.

Треба да се спомене и дека засега тој не покажал симптоми, а неговите сопруга и син се негативни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Надал во Мадрид направи нешто што не му успеало две години

Спортската јавност долго време го чекаше враќањето на поранешниот најдобар тенисер во свет…