Дома Фудбал Лига на шампиони Фердинанд: Не знам дали Меси има време да чека подобри денови во Барса

Фердинанд: Не знам дали Меси има време да чека подобри денови во Барса

Легендарниот стопер на Манчестер Јунајтед вчера гостуваше во британската телевизија „БТ Спорт“ како стручен коментатор за натпреварот Баерн – Барселона во кој Каталонците беа понижени со 8:2.

Покрај Фердинанд во емисија беа Овен Харгривс и Гери Линекер. Тие ги посочија можните причини за катастрофалното издание на Барселона, а зборуваа и за Меси.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Во Барселона повеќе нема толку квалитет. Односно има, но тие играчи веќе имаат над 30 години, дури петмина имаат 33. Просекот на години на тимот е скоро 30 и тоа е премногу, потребни се големи промени“, изјави Линекер, па Фердинанд се надоврза.

„Тоа е лудост, но поважно е прашањето што сега мисли Меси. Сака ли да ги потроши последните години од кариерата во клуб кој вака игра? Не знам дали има време да седи таму и да чека подобри денови. Зошто да не го промени клубот? Меси сигурно во нозете има уште две-три сезони во кои може да игра на највисоко ниво. Се сомневам дека има желба да остане во клуб кој не се бори за најголемите трофеи, а мислам дека на Барса и следи токму таков период (без трофеи)“, изјави Фердинанд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Стативите го спречија ПСЖ, Борусија во финале

Борусија Дортмунд е прв финалист во Лигата на шампиони откако и во вториот меч го победи П…