Дома Фудбал Фергусон не сакал Роналдо да оди во Реал и го понудил на Барселона

Фергусон не сакал Роналдо да оди во Реал и го понудил на Барселона

Поранешниот претседател на Реал Мадрид, Рамон Калдерон откри дека Сер Алекс Фергусон барал Роналдо место во Реал да биде продаден во Барселона.

Кога станало јасно дека Кристиано ќе си замине од Манчестер Јунајтед, Фергусон се обидел место во Реал тој да заврши во Барселона, меѓутоа на крајот победила желбата на Португалецот.

„Ферги не сакаше да го пушти Роналдо сакаше да го задржи, но кога сфати дека тоа не е можно, односно дека Роналдо сака да замине го понуди на Барселона. Не сакаше да го продаде на Реал, но Роналдо на Ферги му кажал дека веќе дал збор и дека нема да го прекрши. Потоа Фергусон ја испочитува неговата одлука“, изјави Калдерон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Санчо бара три милиони евра: Хетафе отпадна, саудиска понуда е во игра

Џејдон Санчо не ја прифатил понудата на Хетафе, а клуб од Саудиска Арабија е подготвен да …