Дома Фудбал Останато Фелипе Мело со жесток коментар за Робињо и Алвеш: Ако тоа се случеше на мојата ќерка, денес не би бил тука

Фелипе Мело со жесток коментар за Робињо и Алвеш: Ако тоа се случеше на мојата ќерка, денес не би бил тука

По случаите на силување на бразилските фудбалери, Робињо и Дани Алвеш, се огласи и Фелипе Мело кој своевремено ја делеше соблекувалната и со двајцата.

Имено, Робињо кој играше за Сантос, Реал, Манчестер Сити, Милан е осуден и веќе започна со отслужување на деветгодишна затворска казна за брутално групно силување на 22-годишна девојка во 2013 година во Милано.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Исто така, Дани Алвеш, пред два месеци беше осуден на 4,5 години затвор за силување девојка во ноќен клуб во Барселона во декември 2022 година. Но, тој беше ослободен и пуштен да се брани од слобода со кауција од еден ммилиони евра.

Сето ова предизвика големо внимание бидејќи Алвеш, кој заработи огромно богатство во кариерата, на судењето се пожали дека додека е во затвор неговите сметки се блокирани и нема можност да пристапи до се што поседува. На Алвеш му помогнаа поранешните соиграчи, Нејмар кој плати 150.000 евра оштета на жртвата и Мемфис Депај кој ја плати кауцијата од еден милион евра.

Фелипе Мело кој низ кариерата беше познат како жесток борец на теренот даде свој коментар за случувањата.

„Никој нема право да зборува на оваа тема, но сепак не гледам проблем сега да дадам коментар. Имам ќерка на 15 години. Да и се случеше ова нејзе, денес немаше да бидам тука и да давам интервју. Човечкото суштество треба да се почитува, без разлика дали е машко или женско“. изјави Мело.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…