Дома Трансфер зона Фелипе Луис се врати во Бразил

Фелипе Луис се врати во Бразил

Бразилскиот дефанзивец Фелипе Луис ова лето го напушти Атлетико Мадрид како слободен агент, се врати во татковината и потпиша за Фламенго.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


На 33 годишниот Фелипе Луис на крајот од минатата сезона му истече договорот со „јорганџиите и се одлучи за враќање во татковината, иако имаше понуди од Европа.

„Фан на Фламенго сум од детството. Не беше лесно да се донесе ваква одлука по заминување од Атлетико Мадрид, но сакам да ја завршам кариерата во Бразил“, изјави Луис.

Инаку, тој со бразилската екипа потпиша договор на 2 и пол години и веројатно ќе остане до крајот на својата кариера.

Фелипе Луис имаше долга кариера во Европа, каде покрај Атлетико играше уште за Челзи, Ајакс, Реал Мадрид Б и Депортиво.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…