Дома Останати Тенис Федерер не сака да каже дека Ѓоковиќ е најдобар во историјата

Федерер не сака да каже дека Ѓоковиќ е најдобар во историјата

Роџер Федерер е еден од најдобрите тенисери во историјата. Швајцарецот ќе остане запаметен како прв тенисер кој стигна до 20 гренслем-титули, но потоа застана и им го препушти тронот на Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал.

Ѓоковиќ во моментов е лидер со 23 гренслем-титули, додека Надал остана со еден пехар помалку, па според многумина Србинот е најдобар во историјата.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Новинарите го прашаа Швајцарецот што мисли на тоа и даде интересен одговор.

„Огромна работа е тоа што го направи Ѓоковиќ. Тешко е да се утврди дали е најдобар во историјата. Тоа е дебата која нема јасен одговор. Еднаш зборував со мој приајтел и го прашав што е потешко да се освои – Вимблдон со 17 години како Борис Бекер или Ролан Гарос со 36 години како Ѓоковиќ, а тој ми кажа – не знам“, вели Федерер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Обвинувања за Ѓоковиќ: Ќе провоцира 340.000 Албанци!

Веќе е познато дека Новак Ѓоковиќ ќе настапи на турнирот од серијата АТП 250 во Женева кој…