Дома Фудбал Официјално: Фаџоли доби суспензија од 7 месеци

Официјално: Фаџоли доби суспензија од 7 месеци

Изминатите денови фудбалска Италија ја тресе скандал со нелегално обложување на фудбалери.

Најпрво беше обвинет Фаџоли од Јувентус, а потоа на распит во полиција завршија и репрезентативците Заниоло и Сандро Тонали. Тие во моментов се под истрага на обвинителството и им се заканува суспензија.

Играчот на Јувентус, Фаџоли реши да соработува со обвинителството, ја призна вината со цел да добие помала казна.

Информацијата најпрво ја објави познаиот новинар Фабрицио Романо и „Скај Италија“, а потоа и Италијанската федерација ја потврди суспензијата од 7 месеци.

Суспензијата ќе започне од 1 ноември и ќе трае до 1 јуни, што значи дека играчот ќе го пропушти остатокот од сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бек, а одигра како гол-машина: Хакими со хет-трик и две асистенции за ПСЖ!

Ашраф Хакими учествуваше во сите пет гола во победата над Ле Авр од 5:1 и го запиша првиот…